

wow just another fancy blog


Мислам дека е време да се освежи блогот со нова музика, мојот избор без око да ми трепни е Ивона Ковачевич и нејзиното радио шоу Моџо саунд систем. Плеј енџој
Иако непланирано, задоволството беше големо, а утре ако станам од кревет без последици тогаш можи за брзо и да се повтори турата. Трасата е од Карпош-Авиони-Св.Атанас (смолево)-Студентски дом-Карпош. Се замуабетивме во смолево со бајкерите Ивица,Димче и Марјан, па не стигнав да напрам фотка од таму. Страва линк тука







Минатата година ми се пружи шанса, а и слободно време да реализирам една идеја шо ми висеше на главата подолго време, но од хх причини не успевав да ја реализирам.
Прво беше креирањето на страницата Mountain Biking Bitola за промоција и развој на планинскиот велосипедизам и велосипедистите од Битола и Македонија.
Втора битна работа беше креирањето на BABA MOUNTAIN Dry Fit маиците кои бајкерите со нетрпение ги очекуваа да им стигнат на домашната адреса. Се надевам и оваа година ќе успеам да креирам нови маици,па и некои нови производи кои ќе им го олеснат престојот на планина на бајкерите и сите останати уживатели на планинскиот воздух.

Денес ми остана луфта 1час, а тоа беше околу 14:30 саатот и шо ќе се вртам низ град, ајде си реков ќе се качам до Магарево да видам да не има некоја капајца пошто врнеше дожд, нормално немаше капајци оти покривот е праен од салам мајстори + татко ми го доправаше уште 10на пати, дури ќерамидите една по една ги закоивме…
После техничката инспекција како шо е редот седнав да пијам чај, да гледам низ прозорецот кон планината и да мислам на ништо, кога одненадеж во мислите ми се појави снегот кој како искинати парчиња од весници паѓаше во дворот. Ах ќерата си реков: пак ќе легни белиот пес кузнај кога ќе стани, а таман се имаше стопено и почнав да си планирам тури со точакот, ама изгледа тие идеи ќе почекаат, до тогаш еве уште неколку слички од февруарскиот снег магарешки.




И да ја слушниш сигурно ќе ти текни која е…



Се препорачува баарем два пати неделно по еден саат, а за најдобар ефект ви требаат добри слушалки или еден солиден саунд систем со многу бас.
Емисијата ја води Ивона Ковачевиќ која има богата историја зад себе поврзана со електронската музика и настаните поврзани со неа во соседна Србија. Емисијата се емитува секој Петок во 15:00 на интернет радиото YAMMAT FM.
Имавме и ние во Битола на студентското радио нешто слично на ова, да се надеваме дека за скоро ќе се ре-активира и ќе си слушаме наш битолски водител, а до тогаш пуштајте го линкот подолу
Точно толку – еден месец ми траат слушалките какви и да било шо е многу подолго во споредба со сите наочари шо сум ги имал до сега (недела две ми траат), некни пак ми се прекршија кај џекчето долу, денес купив нови.
Ќе видиме колку ќе истераат. Инаку сите претходни беа зулемарка, ај сега реков ќе земам посалам, звукот навистина е многу добар.




Линк од страва, не знам да ембедирам јбг:
https://www.strava.com/activities/6686769446/embed/f87656dd6e9be47ce038c711b7dce8cd17f57848