
Денес ми остана луфта 1час, а тоа беше околу 14:30 саатот и шо ќе се вртам низ град, ајде си реков ќе се качам до Магарево да видам да не има некоја капајца пошто врнеше дожд, нормално немаше капајци оти покривот е праен од салам мајстори + татко ми го доправаше уште 10на пати, дури ќерамидите една по една ги закоивме…
После техничката инспекција како шо е редот седнав да пијам чај, да гледам низ прозорецот кон планината и да мислам на ништо, кога одненадеж во мислите ми се појави снегот кој како искинати парчиња од весници паѓаше во дворот. Ах ќерата си реков: пак ќе легни белиот пес кузнај кога ќе стани, а таман се имаше стопено и почнав да си планирам тури со точакот, ама изгледа тие идеи ќе почекаат, до тогаш еве уште неколку слички од февруарскиот снег магарешки.




