



Минатата година ми се пружи шанса, а и слободно време да реализирам една идеја шо ми висеше на главата подолго време, но од хх причини не успевав да ја реализирам.
Прво беше креирањето на страницата Mountain Biking Bitola за промоција и развој на планинскиот велосипедизам и велосипедистите од Битола и Македонија.
Втора битна работа беше креирањето на BABA MOUNTAIN Dry Fit маиците кои бајкерите со нетрпение ги очекуваа да им стигнат на домашната адреса. Се надевам и оваа година ќе успеам да креирам нови маици,па и некои нови производи кои ќе им го олеснат престојот на планина на бајкерите и сите останати уживатели на планинскиот воздух.
