Конечно зимата си го собра снегот, а за денес имаа најавено температура до 20степени. Точаците сигурно беа во игра само не се знаеше кај ќе се напрај ќефот.Дали претор по пешачката зона или Охрид. На крајот едногласно одлука падна за во Охрид. Маја,Кике и Христо се искачија до самуиловата тврдина а јас и Огнен со точаците на тура покрај Охридското езеро до х.Парк,па назад до стариот град. Тука се собравме сите за прошетка низ старата охридска калдрма, па седнавме на ручек,а охриѓани се покажаја со нивните специјалитети. Се помина според планот или како шо се вика една песна од фолтин ,,кој може да расипи еден ваков ден?”. Се товаривме во колата и си посакавме уште многу вакви денови надвор од канцеларија и далеку од работните обврски.